Добредојдовте!
А уште подобро е тоа што ја најдовте АСИ ГРУП – лиценцирана компанија која има за цел да направи револуција во начинот на кој се управуваат и одржуваат станбени и деловни објекти.
АСИ ГРУП не е обична компанија – ние сме луѓе презаситени од “статус кво” во нашата земја. На своја кожа сме го искусиле недостатокот на традиционалните услуги. Знаете за што ви зборуваме – оние “големите” фирми кои ветуваат светови, а даваат само главоболки.
За времето кое постоиме – доста видовме: нефер одлуки, скриени трошоци, прекршени ветувања, проблеми кои наместо да се решат, се размножуваат. Наместо да ја фрлиме крпата, ние ги засукавме ракавите и се фативме за уште повеќе работа. Знаевме дека постои подобар начин:
Затоа сме тука – ЗА ДА ЈА ПРОМЕНИМЕ ИГРАТА.
Замислете го ова: тим на млади, динамични луѓе, вооружени со сила да ја променат истата стара песна и игра.
Во АСИ ГРУП, транспарентноста не е само празен збор – тоа е наш принцип на работа. Фокусирани на доверба, поткрепени со вештини и ентузијазам. Тука сме за да ве слушнеме, да ве разбереме и да ви донесеме резултати кои ќе зборуваат самите за себе.
Чувствувајте се слободни да ни се јавите, да ни испратите порака или повелете во нашите канцеларии на кафе.
НИЕ сме тука да направиме промена – а ВИЕ?